Европската фудбалска унија (УЕФА) ги објави имињата на организаторите на Европските првенства во 2028 и 2032 година.
Домаќини на Европското фудбалско првенство во 2028 ќе бидат Англија, Северна Ирска, Република Ирска, Шкотска и Велс, додека ЕУРО 2032 ќе го организираат Италија и Турција.
ЕУРО 2028 година во Велика Британија и Република Ирска ќе се игра на десет стадиони, шест во Англија и по еден во Република Ирска, Северна Ирска, Шкотска и Велс.
Англиските стадиони се „Вембли“ и стадионите на Тотенхем, Манчестер сити, Њукасл, Астон Вила и Евертон, кој моментално е во изградба. Останатите стадиони се во Белфаст (Северна Ирска), Глазгов (Шкотска), Кардиф (Велс) и Даблин (Република Ирска).
Да потсетиме, Турција се откажа од независната кандидатура за ЕУРО 2028. Турците играа на сигурно подготвија кандидатура со Италија и на крајот ја добија организацијата за ЕУРО 2032.