Top Sport

Познати и потенцијалните противници на македонските клубови во ЛЕ

Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ги дознаа своите потенцијални противници во квалификациите за Лига Европа пред утрешната ждрепка во Нион. Трите македонски клубови не се меѓу носителите во ждрепката, што значи дека можат да им се паднат потешки противници.

Академија Пандев може да добие моќен противник од соседството, откако во групата 5 ќе се соочи со некој од следните пет клубови: Фехервар (Унгарија), Зрињски (Босна и Херцеговина), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азербејџан) и најзвучното име, Левски Софија (Бугарија).

Македонија пак, кам-бекот на европската сцена ќе го почне со дуел со Спартак Трнава (Словачка), Жалгирис Вилниус (Литванија), Фола Еш (Луксембург), Алашкерт (Ерменија) или Олимпија Љубљана (Словенија).

Шкупи пак, за потенцијални противници ги има Хапоел Бер-Шева (Израел), АЕК Ларнака (Кипар), Домжале (Словенија), Пјуник (Ерменија), Сабаил (Азербејџан) или Будуќност Подгорица (Црна Гора).

Scroll to Top