Синоќа со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д е комплетирано 5.коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на последното коло познати се 12 екипи кои ќе играат во осмина-финалето. Во средата пласман во осминафиналето обезбедија Ливерпул, Интер и Порто.
Покрај Ливерпул, Интер и Порто, претходно во нокаут-фазата се пласираа и Баерн, Бенфика, Челзи, Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Наполи, ПСЖ и Реал Мадрид.
Посебно интересно во последното коло ќе биде во групата Д каде сите четири клуба имаат шанса да одат во нокаут-фазата. Кои две екипи на крајот ќе се радуваат ќе се знае по натпреварите во Лисабон (Спортинг – Ајнтрахт Франкфурт) и во Марсеј (Олимпик – Тотенхем). Тотенхем моментално води со бод повеќе од Спортинг и Ајнтрахт, и два повеќе од Олимпик од Марсеј.
Дилемата во групата Е е кој ќе му се приклучи на Челзи, Милан или Салцбург? Во последното коло овие два клуба ќе бидат директни ривали на „Сан Сиро“ во Милано. На табелата Милан има бод повеќе од Салцбург.
Конечно, во групата Ф, покрај Реал Мадрид, шанса имаат Лајпциг и Шахтјор, а овие две екипи се и директни ривали во последното коло, кога во Варшава формален домаќин ќе биде украинскиот претставник. Пред решавачкиот дуел германскиот тим има три бода повеќе. Шахтјор мора да победи доколку сака да игра во осмина-финалето.
✅ Round of 16 so far…
🧐 Who's going all the way?#UCL pic.twitter.com/RDmflveuJ6— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 26, 2022