За првиот Мундијал во историјата со 48 репрезентации останаа уште 14 слободни места. Вечерва, од европската зона, уште пет селекции ќе изборат пласман на Светското првенство во Канада, САД и Мексико.
Седум европски репрезентации: Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија и Португалија го обезбедија своето место на планетарната смотра.
Вечерва се закажани последните десет натпревари од десеттото коло, по што ќе добиеме уште пет победници на групите. Репрезентацијата на Македонија игра во Велс и се бори за второто место на табелата во Ј групата. Нереално е да се очекува Белгија да биде поразена од аутсајдерот Лихтенштајн. На Белгијците им е потребен еден бод за да го обезбедат првото место.
Во слична ситуација Швајцарија и Шпанија во групите Б и Е. Двете репрезентации имаат исклучително добра гол разлика и чудот ќе биде потребно Косово и Турција да дојдат до првите места во овие групи.
Ситуацијата е поинаква во групите Ц и Х, таму ќе се води директна борба за првото место, но мала предност имаат репрезентациите на Австрија и Данска.
На Австрија и е потребен бод во дуелот на домашен терен против Босна и Херцеговина. Исто така, Данска, со бод на жешкиот терен во Глазгов, против Шкотска ќе се пласира на Мундијалот.
Сите натпревари вечерва ќе започнат во 20.45 часот.
Списокот на репрезентации со обезбеден пласман на СП:

