Познати се сите учесници во четврт-финалето на 21.Светско првенство во Русија. Меѓу најдобрите осум шест селекции се од Европа, а две од Јужна Америка. Ќеста на јужноамериканскиот континент ја бранат Бразил и Уругвај, додека од Европа се уште на првенството се Франција, Русија, Шведска, Англија, Белгија и Хрватска.
На Светското првенство во наредните два дена нема да се игра фудбал, а четврт-финалето ќе стартува в петок.
Уругвај и Франција ќе ја отворат оваа фаза на натпреварите. Дуелот ќе се одигра на 6.јули (петок) од 16 часот на стадионот во Нижни Новгород.
Истиот ден, но четири часа подоцна, на стадионот во Казањ, четврт-финалето ќе го одиграат Белгија и Бразил.
Ден подоцна, на 7.јули, ќе се одиграат преостанатите два четврт-финални пресметки.
Русија во Сочи ќе игра против Хрватска од 16 часот, а на Космос арена во Самара, од 20 часот, Шведска ќе и се спротивстави на Англија.