Top Sport

Берчиче ги засили Атлетик Билбао

Шпанскиот фудбалер Јури Берчиче го комплетираше својот трансфер од ПСЖ во Атлетик Билбао за 15 милиони евра. 28-годишниот лев бек во целост го исполнува правилото на Атлетик бидејќи е роден Баскиец. Тој со клубот од „Сан Мамес“ потпишал четири годишен договор.

Берчиче минатата сезона ја мина во ПСЖ, а претходно играше во најголемиот ривал на Атлетик, Реал Сосиедад. Тој е вториот фудбалер на Реал Сосиедад кој во изминатите шест месеци се преселил во ривалскиот клуб. Во зимскиот преоден рок од „Аноета“ на „Сан Мамес“ се пресели Иниго Мартинез.

ПСЖ мора да продава играчи за да остане во рамките на финансискиот фер-плеј на УЕФА. Францускиот шампион ова лето се наоѓа под мониторинг на УЕФА.

Scroll to Top