Top Sport

Познати се двојките за завршницата во Лига Европа

УЕФА во своето седиште во Нион денес ја одржа ждрепката за завршницата на сезоната во Лига Европа. Завршниот турнир на кој ќе учествуваат осум екипи ќе се одигра во август, во Германија, во Дуизбург, Гелзенкирхен и Дизелдорф,а финалето ќе се игра во Келн.

Пред да бидат извлечени двојките за четврт и полу0финалето УЕФА уште еднаш објави дека Интер и Хетафе, односно Рома и Севилја ќе одиграат само по еден натпревар во осмина-финалето. Овие дуели и преостанатите реванши од осмина-финалето на програмата ќе бидат на 5 и 6 август.

Четврт-финални двојки, 10 и 11 август:

Волфсбург/Шахтјор – Ајнтрахт/Базел
Манчестер Јунајтед/ЛАСК – Копенхаген/Басакшехир
Интер/Хетафе – Баер Леверкузен/Глазгов Ренџерс
Вулверхемптон/Олимпијакос – Севилја/Рома

Полу-финални двојки, 16 и 17 август:

Интер/Хетафе – Баер Леверкузен/Глазгов Ренџерс – Волфсбург/Шахтјор – Ајнтрахт/Базел
Манчестер Јунајтед/ЛАСК – Копенхаген/Басакшехир – Вулверхемптон/Олимпијакос – Севилја/Рома

Финалето во Келн ќе се одигра на 21 август.

Scroll to Top