Завршија мундијалските квалификации во Северна и Средна Америка. Покрај Канада, пласманот на СП, во последното коло го потврдија САД и Мексико. Во Интерконтиненталниот бараж ќе игра репрезентацијата на Костарика.
Репрезентацијата на Костарика во последното славеше победа над САД од 2:0, со ист резултат Мексико победи во дуелот со Салвадор. Панама, која коло пред крајот го обезбеди пласманот на СП загуби во Панама со 1:0, а Јамајка со 2:1 го победи Хондурас.
Досега се познати 29 учесници на СП во Катар. Последните три селекции ќе бидат познати во јуни, кога ќе се одиграат Интерконтинеталните баражи и баражот во европската зона.
Велс го чека победникот од дуелот Шкотска-Украина.
Кога станува збор за Интерконтиненталниот бараж Костарика ќе игра против Нов Зеланд, а Перу против победникот од дуелот Австралија-Обединети Арапски Емирати.
Баражите ќе се одиграат на 13 и 14.јуни.