Со расплетот во Групата Х во ноќта помеѓу четврток и петок, заврши групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА.
Веќе во сабота, нè очекуваат првите натпревари од осминафиналето. Од 18:00 часот, на програмата е бразилското дерби помеѓу Палмеирас и Ботафого, а од 22:00 часот ќе играат Бенфика и Челзи.
Истиот распоред ќе биде и вториот ден од викендот кога први ќе играат ПСЖ и Интер Мајами, потоа Фламенго и Баерн Минхен.
Останатите натпревари ќе се играат следната недела.
Двојки од осминафиналето на Светското клупско првенство:
Палмеирас – Ботафого
Бенфика – Челзи
Интер Милан – Флуминенсе
Манчестер Сити – Ал Хилал
Пари Сен Жермен – Интер Мајами
Фламенго – Баерн Минхен
Реал Мадрид – Јувентус
Борусија Дортмунд – Монтереј