Top Sport

Познати се сите учесници во Лигата на шампионите – Ждрепката е во четврток

По последните квалификациски натпревари, познати се сите учесници на 71-то издание на Лигата на шампионите. Наградниот фонд за Лигата на шампионите оваа сезона е 3,317 милијарди евра.

Следната сезона 2025/26 ќе биде втора по ред во новиот формат со 36 екипи, при што секој од нив ќе игра најмалку осум натпревари.

Сите екипи ќе бидат поделени во четири шешири од по девет екипи, а ждрепката ќе се одржи во четврток во 18:00 часот во Монте Карло.

Прв шешир: Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона

Втор шешир: Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт, Клуб Бриж

Трет шешир: Тотенхем, ПСВ, Ајакс, Наполи, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Славија Прага, Боде/Глимт, Олимпик Марсеј

Четврти шешир: Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сен Жилоа, Карабаг, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират

Првото коло ќе се одигра на 16 и 17 септември, додека финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта.

Scroll to Top