Top Sport

Познато е кој фудбалер му плати кауција на Дани Алвеш

Дани Алвеш плати кауција од 1.000.000 евра и вчера, по 14 месеци, го напушти затворот во околината на Барселона. Бразиелцот е на условна слобода, судот му ги одзеде пасошите (шпанскиот и бразилскиот), а тој ќе мора еднаш неделно да се пријавува во полициска станица.

На многумина им беше чудно што самиот фудбалер, кој во кариерата заработил многу пари, ја нема потребната сума за кауција. Пријател му помогнал да ги собере парите за кауцијата, откако пред да почне судењето Нејмар на девојката која беше жртва и плати отштета од 150.000 евра, поради што судот за половина му ја намали казната.

Дани Алвеш е осуден на четири и пол години затвор.

Медиумите шпекулираа дека Нејмар ја платил и кауцијата, но таа информација експресно беше демантирана.

Медиумите открија дека кауцијата ја платил напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај. Дани Алвеш и холандскиот фудбалер играа заедно за Барселона, не премногу долго, но очигледно за кратко време станале добри пријатели.

Депај неодамна проговори за правните проблеми на своите пријатели фудбалери. Проговори за Алвес, Бенџамин Менди и Квинси Промес.

„Луѓето треба да знаат дека имав тешко минато. Брат ми одлежа десет години затвор и едвај го видов. Менди и Дани Алвеш исто така се вмешани во криминални случаи, но тоа не значи дека тие веќе не се мои пријатели“, рече Депај и потоа го спомна Промес:

„Не го познавам Квинси како што опишуваат. Не сакам да ги оправдувам нивните постапки или да ги поддржам, но никогаш нема да ги изневерам.“

Scroll to Top