Top Sport

Позњак го засили Работнички

Белорусинот Александр Позњак е најновото засилување на Работнички. Позњак (26), во Работнички дојде од Динамо Брест.
Позњак е централен дефанзивец, кој може да на позицијата лев бек. Има настапувано за младинската репрезентација на Белорусија, а во кариерата еднаш настапил и за сениорската репрезентација на својата земја.

„Веруваме дека Александр Позњак, со оглед на квалитетот и на искуството, брзо ќе се вклопи во тимот на Работнички и ќе го подигне нивото во одбранбената линија. Тој веднаш се приклучи на тимот, денеска имаше индивидуален тренинг, а веќе од утре ќе биде на располагање на тренерот Александар Влахо“, изјави спортскиот директор, Горан Станковски.

Работнички трет ден се наоѓа на подготовки во Охрид, а в среда ќе одигра пријателски натпревар против Ренова на кој се очекува да дебитира и новото засилување од Белорусија.

Извор/fkrabotnicki.com

Scroll to Top