Во последниот денешен натпревар од 22. коло на Бундес лигата, Шалке на домашен терен го совлада Штутгарт со 2:1 (2:0).
Домашните почнаа да напаѓаат од самиот почеток и тоа вроди со плод во десеттата минута. Добар центаршут упати Мајкл Фреј, а Доминик Дракслер направи убав скок и со глава ја упати топката во мрежата.
Шалке постигна втор гол пред да замине на одмор. Се играше 40. минута кога Мариус Бултер постигна одличен гол.
Шалке врза четири меча без голови, а сега постигна два гола во едно полувреме, но не успеа ниту да ја зачува сопствената мрежа.
Борна Соса упати слаб удар, но по катастрофалната рекација на голманот на Шалке, топката заврши во голот. До крајот фудбалерите на Штутгарт имаа две добри шанси но не успеаја да постигнат гол.
Шалке ја забележа третата победа сезонава во Бундеслигата. Инаку ова е прва победа за Шалке во 2023 година. На табелата тимот од Гелзенкирхен е последен со 16 поени, три помалку од безбената зона во која се наоѓа Штутгарт.