Францускиот фудбалер Лука Тусар нема да игра во завршницата на Лигата на шампионите со Олимпик Лион. Тусар е фудбалер на Херта позајмен во Лион. Германскиот клуб објави дека кога ќе му заврши позајмицата тој ќе мора да се врати во Берлин.
„Среќни сме што се е јасно и што во јули ќе го пречекаме Лука во Берлин како наш нов фудбалер“, рекол спортскиот директор на Херта Михаел Прец.
Лион во јануари им го продаде Тусар на Херта. Тогаш клубовите постигнаа договор фудбалерот до крајот на сезоната да остане во Лион како позајмен играч.
Сезоната во Лигата на шампионите ќе продолжи во август, Лион на 7 или 8 август ќе треба да го одиграат осмина-финалниот реванш со Јувентус.
Првиот меч во Лион одигран пред три месеци заврши со победа Олимпик 1:0, голот го постигна Тусар.