Top Sport

Празни мрежи на мечот Колумбија-Аргентина (Видео)

Фудбалските репрезентации на Колумбија и Аргентина ремизираа 0:0 во пријателски натпревар што се одигра во Њу Џерси. Двете селекции настапија без своите најдобри играчи, Хамес Родригез поради повреда не играше за Колумбија, додека најдобриот Аргентинец, Лионел Меси до крајот на годината нема да настапува за репрезентацијата.

foto: epa

Најдобрите шанси за постигнување на гол, Аргентина и Колумбија ги имаа во првиот дел. Во седмата минута ударот на Паласиос го одбрани колумбискиот голман Оспина, а истото го направи и кога се обиде Икарди.

Колумбијците сериозно се заканија кон голот на Армани во 25.минута, но голманот на Робвер Плата го одбрани ударот на Фалкао.

Scroll to Top