Фудбалскиот клуб Тосно, сензационалниот освојувач на рускиот Куп, поради големи финасиски проблеми најверојатно ќе згасне.
Тосно, иако го освои Купот, не успеа да го сочува прволигашкиот статус. Како победник во Купот доби можност да се натреварува во Лига Европа, меѓутоа УЕФА ја одби лиценцата за настап.
Извршниот директор на клубот Леонид Коменко рекол дека парите што клубот би ги добил за настапите во Лига Европа би го спасиле клубот од банкрот.
Покрај Томсо, како што пренесоа руските медиуми, пред гаснење и уште еден клуб, Амкар од Перм. Играчите на овој клуб три месеци не добиле плати.