На денешен ден пред осум години фудбалскиот свет остана шокиран од она што го направија тогашните членови на Фиорентина, тренерот Делио Роси и фудбалерот Адем Љајиќ.
Фиорентина на 2 мај 2012 година ја пречека Новара и по 30 минути игра гостите водеа со 2:0.
Тогаш 52 годишниот Делио Роси решил да го замени Љајиќ. Незадоволен од измената Љајиќ започнал вербална расправија со тренерот и започнал саркастично да му ракоплеска.
Роси се стрчал кон фудбалерот и кога тој седнал на клупата започнач да го удира со тупаници.
Играчите кои биле на клупата за резерви ги раздвоиле.
Веднаш потоа Роси од клубот добил отказ, а од Фудбалскиот сојуз на Италија три месечна суспензија.