Пред точно пет години, Кристијано Роналдо ја имаше можеби најдобрата партија во кариерата, во која постигна хет-трик во првото полувреме и даде вкупно пет гола за Реал Мадрид да ја декласира Гранада во меч кој заврши со неверојатни 9:1.
Гранада, тогаш 19-пласиран клуб на табелата, изддржа до 24. минута, кога Герет Бејл го отвори резултатот, а до полувремето, Роналдо го постигна својот петти хет-трик таа сезона. Ова беше највисок триумф на Реал од 1967 година, кога со ист резултат го совладаа Реал Сосиедад, но рекордот останува 11:1 победата над Барселона во Кралскиот куп во 1943 година, победа која во Каталонија не ја признаваат поради притисокот кој го вршел диктаторот Франциско Франко.
Фантастичната сезона 2014/15 во која Роналдо постигна 48 голови во Ла лига, сепак не беше крунисана со титула, откако Барселона беше шампион, додека во Лигата на шампиони беа елиминирани во полуфиналето од Јувентус.