Top Sport

Пред само 17 дена му викаа „Многу си ср.ње да играш за Лидс“, денеска потпиша за нив

Лидс јунајтед го потврдија постојаниот трансфер на Даниел Џејмс од Манчестер јунајтед за 28 милиони фунти, што значи дека нивните навивачи веднаш мора да ја сменат својата омилена песна кога се среќаваа со Јунајтед.

На 14 август, кога на „Олд Трафорд“, Јунајтед ги пречекаа Лидс, навивачите на „белите“ имаа интересна песна за Велшанецот: „Многу си ср.ње да играш за Лидс“.

Џејмс дојде во Јунајтед летото 2019 како прво засилување на Оле Гунар Солскјер, и по фантастичниот старт со голови во првите три меча, не успеа да обезбеди место во првиот тим.

Scroll to Top