Top Sport

Пред точно 11 години, Лео Меси сам го „уништи“ Арсенал

Иако и пред тој меч се знаеше дека Лионел Меси е нешто „посебно“ во модерниот фудбал, навивачите на Арсенал и сите кои ја следеа Лигата на шампионите, тогаш сфатија дека тој е човек кој може сам да ги реши натпреварите.

Пред точно 11 години, Барселона го пречека Арсенал во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако на првиот меч пропуштија 2:0 водство за 2:2 реми.

Но, „Ноу Камп“ веднаш беше замолчен, откако „Лордот“ Никлас Бендтнер постигна гол за Арсенал да има 3:2 водство во вкупниот скор. Бидејќи Златан Ибрахимовиќ (кој даде два гола во Лондон), беше повреден, „товарот“ падна на 22-годишниот Лионел Меси. Кој апсолутно ги уништи.

Првиот гол со левица беше апсолутна „ракета“ која Мануел Алмунија немаше шанси да ја одбрани. Во следните 20 минути тој продолжи во ист стил. Прво тој го најде Ерик Абидал, па по неговиот обид го лобуваше Алмунија. Хет-трикот го комплетираше со соло гол, за во второто полувреме да уфрли уште еден и да стане првиот фудбалер на Барса со четири гола во меч од ЛШ.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер даде пророчка изјава.

„Тој го направи невозможното возможно. Има шест-седум години пред него. Ако нема повреди, тој може да стигне до неверојатно ниво на фудбалот“, изјави Венгер. Сега сме 11 години подоцна.

Scroll to Top