Top Sport

Прегазен полицаец на прославата на Фламенго

Повеќе од милион луѓе низ улиците на Рио Де Жанеиро ја прославија првата титула на Фламенго во Копа Либертадорес по пауза од 38 години. Додека ја славеле таа титула до играчите Фламенго стигнала информацијата дека ја обезбедиле титулата и во домашното првенство. Дуплата прослава по некое време излегла од контрола поради што морала да интервенира полицијата.

Улиците на Рио најпрвин биле преплавени од неколку стотици илјади „обични“ навивачи, меѓу кои имало и цели семејства со деца. Тие ги развиориле знамињата на Фламенго и активирале организиран огномет.

Кога на прославата се приклучиле и голем дела на оние што се се само не „обични“ навивачи започнале инцидентите поради што морале да интервенираат полицајците.

Полицијата користела солзавец, а во еден метеж полицајците случајно прегазиле свој колега.

Scroll to Top