Top Sport

Преговорите за продажба на Интер во „напредната“ фаза

Арапските медиуми тврдат дека бахреинскиот инвестициски фонд „Инвесткорп“ е во „напреднати“ преговори со Стивен Жанг и компанијата „Сунинг“ за купување на Интер.

Со ова се заголемуваат шпекулациите дека „нераѕурите“ наскоро ќе бидат продадени, и дека „Инвесткорп“ и официјално ќе даде понуда од над 1.3 милијарди евра, која ќе ги задоволи условите на кинеските газди.

Жанг и „Сунинг“ постојано тврдат дека бараат инвеститори и дека не се подготвени да го продадат клубот, но нивниот кинески бизнис страдаше во последните неколку години, а самиот Интер има голем долг за враќање.

Scroll to Top