Top Sport

Роналдо Назарио се ожени по третпат!

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо Назарио се ожени по третпат, откако 47-годишниот Р9 во текот на викендот ја официјализираше врската со 33-годишната Селина Локс, негова долгогодишна партнерка.

„Денеска ги собравме нашите семејства заедно за интимна религиозна прослава. Да посакаме вака да се одбележуваат многу прослави“, напиша манекенката Локс на социјалните мрежи.

Роналдо и Селина се во врска седум години, а Роналдо, конечно, ја побара за жена додека двајцата беа на летен одмор на Карибите во јануари. Селина е трета сопруга на Роналдо, откако асот беше оженет со Милене Домингеш и Даниел Чикарели.

Scroll to Top