Top Sport

Прекинат натпревар на фудбалерки – бил премногу насилен

Пријателскиот натпревар помеѓу женските фудбалски репрезентации на Ирска и Колумбија бил прекинат по само 23 минути поради претерано груба игра на двете селекции.

Фудбалскиот сојуз на Ирска соопшти дека прекинот се должи на некои несакани сцени и премногу груби стартови.

Натпреварот кој се одигра на „Макин Парк“ во Бризбејн стана претерано груб и беше одлучено по консултација со официјалните лица да се прекине“, се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Ирска.

Фудбалериките на Ирска наместо натпреварот одработиле тренинг.

Британските медиуми објавија дека ирската репрезентативка Дениз О’Саливен била пренесена во болница поради повреда на потколеницата здобиена на мечот, а две колумбиски фудбалерки добиле жолти картони во првите 19 минути.

Натпреварот се одигра без публика, во пресрет на стартот на Светското првенство кое од 20 јули до 20 август ќе се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Scroll to Top