Top Sport

Преку глава му е од Мурињо, Валенсија заминува од Манчестер Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, бил подготвен во јануарскиот преоден рок да го напушти клубот. Договорот на 33-годишниот десен бек со „црвените ѓаволи“ важи до крајот на сезоната.

Три месеци, репрезентативецот на Еквадор, не бил стартер кај Жозе Мурињо. Според медиумите неговиот менаџер е во Англија каде ги договарал условите за спогодбен раскин на договорот.

Валенсија и Мурињо влегоа во конфликт на почетокот на сезоната, кога Еквадорецот ставил лајк на пост на „Инстаграм“ во кој се барало тренерот да добие отказ.

Валенсија, во овој состав на Јунајтед има најдолг стаж. На „Олд Трафорд“ е уште од 2009 година, кога Алекс Фергусон го донесе од Виган. За Манчестер Јунсјтед има одиграно 337 натпревари, а оваа сезона настапил на само седум натпревари.

Интерес за Валенсија постоел кај Вест Хем и неколку екипи од Шпанија.

Scroll to Top