Top Sport

Свиндал со рекордна седма победа во Вал Гардена! (видео)

Норвешкиот ветеран Аксел Лунд Свиндал го победи својот стар ривал, Италијанецот Криштоф Инерхофер за нова рекордна седма победа во супер-џи трката во Вал Гардена, Италија.

На мразот на Италијанските Алпи, Свиндал беше за само 0.05 секунди побрз од Инерхофер и за 0.27 секунди пред својот сонародник Кјетил Јансруд, за сега да има пет супер-џи победи и два спуста на патеката Саслонг, каде што во сабота ќе може да оди на нова спусташка победа.

Ова е прва победа за Свиндал оваа сезона и 36. во својата блескава кариера со што се израмни со Австриецот Бенјамин Рајх на седмото место на вечната листа. Покрај тоа, Свиндал се искачи и на првото место во генерален пласман во Светскиот куп со 17 поени предност пред седумкратниот актуелен шампион, Австриецот Марсел Хиршер, кој е специјалист за технички трки и не учествуваше на трката.

Со денешната трка почна „лудата“ предновогодишна програма во која има пет велеслаломи и слаломи во само седум дена  почнувајќи од недела во Алта Бадија.

Scroll to Top