Top Sport

Преку глава му е од Барселона – Пјаниќ заминува од „Ноу Камп“

Шпанските медиуми на почетокот на сезоната пишуваа дека Миралем Пјаниќ пријатно го изненадил Чави и дека би можел да остане во Барселона. Сепак, по три одиграни кола во шпанското првенство, репрезентативниот играч за врска на Босна и Херцеговина не доби ниту една минута од тренерот, поради што започнаа шпекулациите дека тој ќе го напушти „Ноу Камп“.

Пјаниќ во Барселона пристигна пред две години од Јувентус, но минатата сезона тој беше позајмен во Бешикташ. За каталонскиот клуб одигра само 30 натпревари.

Медиумите во Босна и Херцеговина пишуваат дека Пјаниќ има две опции, доколку се реши да си замине.

Тој може да остане во Шпанија, доколку постигне договор со Севилја или да се пресели во Саудиска Арабија, во Ал Наср. Овој клуб наводно му понуди осум милиони евра по сезона.

Scroll to Top