Францускиот репрезентативец, Пол Погба, изразил желба да се врати во Јувентус, објави денес „Газета дело спорт“. Погба, кој во неделата, со Франција стана светски првак, бил заинтересиран да учествува во новиот проект на Јувентус.
Според истиот извор, покрај желбата со Јувебтус да го „нападне“ трофејот во Лигата на шампионите, Погба е незадоволен и од односот што го има со менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.
Причина повеќе за реализација на овој трансфер наводно била и повратната клаузула во договорот на Погба, според која тој може да се врати во Јувантус за сума од 60 милиони евра.
Францускиот репрезентативец, пред две години од Јувентус се пресели на „Олд Трафорд“ за тогаш рекордни 105 милиони евра.