Top Sport

Премиер лига: Големо дерби во првото коло

Премиер лигата го бајви комплетниот распоред на натпреварите за сезоната 2019/2020. Распоредот се разликува од оној што вчера кружеше по социјалните мрежи. Новата сезона, уште во првото коло ќе донесе дерби пресметка. В недела на 11 август ќе играат Манчестер Јунајтед и Челси.

https://twitter.com/FBLNEWS1/status/1138707827386671104

Првенството нема да започне на 10 август, како шт вчера сугерираше фотографијата објавена на социјалните мрежи, туку ќе стартува ден претходно во петок. Европскиот првак Ливерпул на 9 август од 21 часот ќе го пречека новиот член на елитното друштво Норич.

Саботната програма, на 10 август од 13.30 часот ќе ја отворат Вест Хем и шампионот Манчестер сити.

Истиот ден од 16 часот ќе се играат натпреварите: Бормут-Шефилд Јунајтед, Барнли-Саутемптон, Кристал Палас-Евертон, Лестер-Вулверхемптон, Вотфорд-Брајтон, а од 18.30 часот ќе играат Тотенхем и Астон Вила.

В недела на 11 август од 15 часот во Лондон Арсенал ќе го пречека Њукасл, а програмата ќе заврши со дербито Манчестер Јунајтед-Челси од 17.30 часот.

Scroll to Top