Top Sport

Реал го срушија сопствениот рекорд

Повеќе од 300 милиони евра луѓето од фудбалскиот клуб Реал Мадрид досега потрошила на нови фудбалери, со што го собориле клупскиот рекорд од јуни 2009 година, пишува „Марка“.

Нови играчи на Реал се Родриго (45 милиони евра), Лука Јовиќ (60), Еден Азар (100), Едер Милитао (50) и Ферлан Менди (48). Досега Реал потрошиле 303 милиони евра, а допрва се очекува на „Санријаго Бернабеу“ да пристигне најскапото засилување, секако станува збор за Пол Погба, но прашање е дали овој трансфер ќе биде реализиран, бидејќи цената што ја поставија од Манчестер Јунајтед е 150 милиони евра.

Сумата од 303 милиони евра е за 49 милиони повеќе од сумата која Флорентино Перез ја вложи во јуни 2009 година кога во клубот пристигнаа Кристијано Роналдо (96 милиони евра), Кака (65), Карим Бензема (35), Чаби Алонсо (30), Раул Албиол (15), Алваро Негредо (5), Алваро Арбелоа (4) и Естебан Гранеро (4).

Она што на Флорентино Перез му претстои во преодниот рок е продажба на играчите за кои Зинедин Зидан кажал дека не му се потребни. Такви играчи има многу, според медиумите 13 имиња се на трансфер листата, но според она што во „кралскиот клуб“ бараат за нив тешко дека некој ќе може да направи трансфер, исклучок е можеби само Иско.

Инаку на трансфер листата се голманот Навас, Љоренте, Валјехо, Бејл, Џејмс Родригез, Ковачиќ, Регуилон, Валверде, Лукас Васкез…

Scroll to Top