Top Sport

Премиер лига: На десет стадиони ќе има публика

Од 2.декември навивачи ќе можат да присуствуваат на фудбалските натпревари во Англија. Сепак ова правило нема да се применува секаде. Во делови на Англија каде што ситуацијата со коронавирусот е сериозна, правилот нема да важи. Според моменталната епидемиолошка ситуација во Премиерлигата ќе бидат отворени десет стадиони.

Англиската влада дозволи 2.000 навивачи на секој стадион, а според моменталната состојба, навивачи ќе има на натпреварите на сите тимови од Лондон (Арсенал, Челси, Тотенхем, Вест Хем, Кристал Палас и Фулам), односно на стадионите на Ливерпул, Евертон, Саутемптон и Брајтон.

Публика нема да има во Манчестер, на дуелите на Сити и Јунјатед, одновно во Вулверхемптон, Лидс, Астон Вила, ВБА, Њукасл, Лестер и Барнли.

Според последните податови досега во Велика Британија од коронавирусот починале 56.000 луѓе.

Scroll to Top