Top Sport

Ериксен понижен на „Меаца“

Најдобриот дански фудбалер, Кристијан Ериксен одигра само 4 минути на синоќешниот дуел на Интер против Реал Мадрид на „Џузепе Меаца“. Јасно е дека тренерот Конте нема доверба во Ериксен па шансата за настап во последните моменти од средбата во која Интер немаше шанса за пресврт јасно кажува дека Данецот можеби треба да си побара нова средина.

Денеска италијански „Калчомеркато“ пишува дека Данецот се однесувал максимално професионално иако му станува јасно дека е непожелен во „црно-синиот“ дел од Милано.

Ериксен која е поранешен фудбалер на Ајакс и Тотенхем можно е уште во јануарскиот преоден рок да ја промени средината, а како најсериозни можни дестинации за него се споменуваат Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Scroll to Top