Top Sport

Премиер лигата бара да се вратат навивачите на трибините

Англиската Премиер лига објави отворено писмо до британскиот премиер Борис Џонсон, барајќи да се дозволи итно враќање на фановите на стадионите и покрај пандемијата на корона вирусот.

Во писмото кое беше потпишано и од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), Фудбалската асоцијација (ФА) и Женската ФА, се тврди дека последните тест-мечеви покажале дека фановите можат безбедно да се вратат на стадионот во ограничен број.

Англиските фудбалски клубови планираа враќање на делумен број на навивачи на 1 октомври, но минатиот месец Џонсон објави нови мерки за спречување на ширењето на вирусот, по што постојат стравувања дека фанови ќе нема дури шест месеци. Во Германија, Франција и Италија на некои стадиони има по илјадници гледачи, и Премиер лигата бара да важат исти правила.

„Што побргу се вратиме на трибините, побргу ќе ги обединиме нашите заедници и ќе ги поддржиме локалните бизниси, но и националната економија. Ќе продолжиме да бараме од владата да ни дозволи безбедно враќање на навивачите. Музичките арени веќе добија дозвола за организирање на настани со социјално дистанцирање, и сега тоа треба да се дозволи и во фудбалот. На стадионите може да има безбедно присуство со одредени мерки – мерење на температура при влегување на стадионот, носење на заштитни маски и одредување на други правила за навивачите“, се вели во писмото.

Scroll to Top