Top Sport

Премиер лигата го казни Роман Абрамович

Премиер лигата го суспендира Роман Абрамович, што значи дека тој официјално е тргнат од функцијата директор на фудбалскиот клуб Челси. Абрамовиќ се наоѓа под санкции од Владата на Велика Британија, поради руската инвазија врз Украина.

Владата го замрзна имотот на Абрамович во Велика Британија, му забрани да го продаде клубот и ги замрзна сметките на Челси. Исто така под знак прашалник е и лиценцата која ја има клубот, а која важи до 31.мај.

Надеж клубот дека ќе може да продолжи нормално да функционира е синоќешната одлука, да се дозволи продажба на клубот.
Абрамович, ќе мора да им докаже на англиските власти дека тој нема ништо да заработи од продажбата и дека ќе се откаже од долгот од 1.500.000.000 евра во корист на жртвите во руско-украинската војна.

Scroll to Top