Премиер лигата потврди дека тренерот на Ливерпул, Арне Слот е суспендиран на два натпревари.
Холанѓанецот претходно во февруари доби црвен картон по натпреварот против Евертон (2:2) на „Гудисон Парк“. Во таа прилика тој се однесувал недолично кон судијата Мајкл Оливер, и му кажал непримерни зборови, за што доби директен црвен картон.
Слот ја прина вината, за што беше казнет со два меча и парично со 70.000 фунти. Слот нема да го предводи Ливерпул вечерва против Њукасл и против Саутемптон на 8 март.
Покрај Слот казна доби и неговиот помошник Сипке Хулшоф кој исто така е суспендиран на два натпревари и парично со 7.000 фунти.
Поради инцидентите по споменатиот натпревар, казнети се и клубовите: Ливерпул со 65.000 фунти и Евертон со 50.000 фунти.