Top Sport

Премиер лигата може да се комплетира во Австралија?

Австралискиот град Перт се понуди да биде домаќин на финишот на сезоната во Премиер лигата, нудејќи безбедна завршница на шампионатот и покрај пандемијата на корона вирусот.

Професионалниот спорт во Велика Британија е паузиран од март, а премиерлигашките клубови повеќе пати се обидоа да постават распоред за финиш на сезоната, додека во Австралија има релативно малку заболени од вирусот, со помалку од 7.000 случаи во споредба со 184.000 на островот.

Австралискиот агент Гери Вилијамс, кој е роден во Бирмингем, за „Сан“ открива дека има план за продолжување на сезоната.

„Веќе разговарав со клубовите од Премиер лигата и им се допаѓа идејата, додека во Австралија и Перт не би имало проблем да се организира таков настан. Во Австралија сите се безбедни, а владата тргна повеќе од ограничувањата. Можеме да се собираме во групи по 10, плажите се отворени, а имаше само четири нови случаи во последните 10 дена“, вели Вилијамс.

Премиер лигата оваа недела потврди дека постои желба и намера да се комплетира сезоната 2019/20, но без конкретните планови како ќе се оствари тоа.

Scroll to Top