Top Sport

Фиго: Манчини ме понижи во Интер

Легендата на португалскиот фудбал, Луиш Фиго вели дека уште не му простил на актуелниот италијански селектор Роберто Манчини, кој го понижил додека Фиго играл во Интер.

47-годишниот Фиго пристигна кај „нераѕурите“ во 2005 година со слободен трансфер од Реал Мадрид и имаше 92 настсапи во првите две сезони, пред работите драстично да се сменат, откако Манчини го постави во игра само во 21 меч во третата сезона.

Во разговор со Фабио Канаваро преку Инстаграм, Фиго признава дека Манчини му го уништил добриот впечаток од Милано.

„Кога играш сите се добри, кога не играш сите се ужасни. Имав одлично искуство во Интер на почетокот, но потоа работите тргнаа надолу со Манчини. Имаше многу малку разбирање на човечко ниво. Тој е еден од луѓето кои ме понижија во мојата кариера. Страдав во Интер. Немав 20 години туку 34-35 и имаше ситуации низ кои не морав да поминам. Не беше важно дали играв или не, но на 34 години знаеш што можеш да понудиш. Да се загреваш 85 минути и потоа да играш три минути не е нормално  и покажува недостаток на почит. Да, ќе бидеш професионалец и ќе го прифатиш тоа, но односот потоа не може да биде најдобар“, вели Фиго.

Scroll to Top