Премиер лигата го казни Челзи со 10,75 милиони фунти и едногодишна забрана за трансфери, која беше заменета со условна казна од две години. Покрај тоа, им беше забрането и трансфер од академиите девет месеци.
Казната веројатно ќе беше многу построга доколку клубот не ги пријавил сите неправилности.
Новите сопственици, за време на процесот на преземање на клубот, ги забележаа неправилностите и ги пријавија во Премиер лигата, Фудбалската асоцијација на Англија и УЕФА.
Премиер лигата започна истрага за тајните плаќања што Челзи ги извршил помеѓу 2011 и 2018 година. Истражени се вкупно 74 прекршоци. Меѓу другото, нелегални плаќања на менаџери, финансирање од трети страни и плаќања на посредници.
Челзи постигна договор со УЕФА во јули 2023 година. УЕФА го казни клубот со 10 милиони евра откако сопствениците посочија на нецелосни финансиски извештаи за 2018 и 2019 година од претходните сопственици.
Истрагата поврза најмалку шест плаќања на офшор компании поврзани со трансферите. Станува збор за исплати „под маса“, за неколку менаџери.
Станува збор за плаќања кои се пишуваат со седум цифри и кои не се пријавени на финансиските власти.
Клубовите мора да доставуваат прецизни и точни финансиски извештаи до Фудбалската асоцијација и Премиер лигата секоја година. Истото важи и за УЕФА ако клубовите се натпреваруваат во европските натпреварувања.
Во тоа време, токму поради прикривањето на овие плаќања, Челзи не поднесуваше точни финансиски извештаи.
По целосна истрага, Премиер лигата го казни Челзи со 10 милиони фунти за лажни информации за плаќање на играчи од првиот тим и дополнителни 750.000 фунти за неправилности поврзани со плаќањата и потпишувањата на академиите.
На Челзи му беше изречена и едногодишна забрана за трансфери, но таа беше претворена во двегодишна условна казна.
Foto/ depositphotos
