Клубовите од Премиер лигата направија уште еден чекор кон воведување ограничувања за трошење, објавија британските медиуми.
Мерката, која беше поддржана од мнозинството клубови од Премиер лигата, ќе треба да биде ратификувана на на следното Генерално собрание во јуни за да стапи на сила од сезоната 2025/26.
Против овој предлог гласаа клубовите од Манчестер, Сити и Јунајтед, односно Астон Вила, додека Челзи беше воздржан, објавија британските медиуми.
Ограничувањето на трошоците има за цел да ги замени Правилата за профитабилност и одржливост (ПСР) кои моментално се во сила во Премиер лигата.
Тој систем ќе ги ограничи, или ќе ги зацврсти, трошењата на сите клубови.
Како последица на тоа, потрошувачката моќ на клубовите со најголеми приходи и најбогати сопственици би била намалена, а со тоа би се зголемила конкурентноста на лигата.
Евертон и Нотингем Форест оваа сезона се казнети со одземање бодови поради кршење на актуелните правила на ПСР, еден вид финансиски фер-плеј според кој клубовите, во период од три години не смеаат да имаат загуба поголема од 105 милиони фунти.