Top Sport

Премиер лигата одложи уште еден натпревар

Премиер лигата, вчера го одби, но денес го прифати барањето на Евертон да го одложи нивниот дуел со Барнли. Натпреварот, според планот требаше да се одигра во недела.

Евертон побара мечот да биде одложен, откако менаџерот Рафа Бенитез, остана со само 11 фудбалери од првиот тим. Најголем дел од оние кои се надвор од стројот се заразени со коронавирусот.

Премиер лигата, претходно ги одложи натпреварите Ливерпул-Лидс и Вулверхемптон-Вотфорд.

Scroll to Top