Премиер лигата го одложи натпреварот помеѓу Барнли и Лестер. Натпреварот, според календарот, требаше да се одигра на 15.јануари.
„Извршниот одбор на Премиер лигата го прифати барањето на Барнли. Клубот на располагање нема доволен број на фудбалери (13 фудбалери и еден голман)“, се наедува во соопштението.
Фудбалскиот клуб Барнли упати извинување до навивачите на двата тима, поради одложувањето на натпреварот.
Ова е четвртиот натпревар на Барнли кој е одложен. Претходно три натпревари на овој клуб беа одложени поради коронавирусот, а еден поради снежни врнежи.