Top Sport

Премиер лигата подготвува промени во правилата на фудбалската игра

Челниците на Премиер лигата решиле од наредната сезона да тестираат правило поврзано со измените на фудбалерите во текот на натпреварите.

Премиер лигата има намера да го „земе“ правилото од американската НФЛ кои се однесува на играчите кои во текот на натпреварите добиле потрес на мозокот.

Своите идеи Англичаните ги претставиле пред ИФАБ, орган на ФИФА задолжен за измени во правилата.

Челниците на Премиер лигата предложиле две решенија, а на 3 април наредната година ИФАБ ќе решава кое од предложените правила ќе најде примена во фудбалската игра.

Првиот предлог е играчот кај кого лекарите ќе констатираат потрес на мозокот да може да биде заменет „бесплатно“, односно неговата замена да не влегува во пропишаните три измени.

Вториот предлог е играчот за кого лекарите се сомневаат дека има потрес на мозокот да може да замине во соблекувалната каде би бил прегледан. Во периодот додека тој е во соблекувалната на неговото место би можел да влезе друг играч, кој потоа би се вратил на клупата за резерви доколку повредениот играч добие дозвола од лекарите дека може да продолжи да игра.

Scroll to Top