Top Sport

Да се биде или не за Ливерпул

Вечерва во групите Е, Ф, Г и Х ќе се одигра последното коло во Лигата на шампионите. Познато е дека од оваа половина пласман во осмина-финалето веќе обезбедија Барселона и Лајпциг.

Европскиот првак Ливерпул неочекувано во последното коло ќе ја решава својата судбина во Лигата на шампионите. „Црвените“ гостуваат во Салцбург и со евентуален пораз ќе ја завршат сезоната во елитата.

„Знаеме дека ова за нас е финале. Секогаш одиме по потешкиот пат. Навикнати сме на вакви работи. Знаеме дека Салцбург ќе дадат се од себе за да не победат. Нив само победа ги носи во осмина-финалето. Ние сме лудо амбициозни, ќе се бориме. Ова за нас е најважниот меч од почетокот на сезоната“, рекол менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп.

Во оваа група на Наполи му е потребен бод против Генк за да обезбеди осмина-финале. Победа или нерешено ги носи во нокаут-рундата и Ливерпул. Во случај на пораз Ливерпул ќе испадне, а во осмина-финалето ќе оди Салцбург.

Барселона е сигурна во својата група, поради што против Интер ќе игра без најголемите ѕвезди. Победа ги носи Интер понатаму бидејќи имаат подобар меѓусебен скор од Борусија.

Лајпциг од Г-групата се веќе во осмина-финалето, а вториот патник од групата ќе биде Зенит или Лион. Русите со победа во Лисабон над Бенфика ќе бидат осмина-финалисти.

Три екипи се во трка по двете места во Г-групата. Челси на хартија имаат најлесен противник. „Сините“ само треба да победата против Лил и ќе бидат сигурни осмина-финалисти. Ајакс ќе ја пречека Валенсија и со бод ќе си обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Европа.

Група Е:

Салцбург-Ливерпул
Наполи-Генк

Табела: Ливерпул 10, Наполи 9, Салцбург 7, Генк 1

Група Ф:

Интер-Барселона
Борусија Дортмунд-Славија Прага

Табела: Барселона 11, Интер 7, Борусија 7, Славија 2

Група Г:

Лион-Лајпциг
Бенфика-Зенит

Табела: Лајпциг 10, Зенит 7, Лион 7, Бенфика 4

Група Х:

Ајакс-Валенсија
Челси-Лил

Табела: Ајакс 10, Валенсија 8, Челси 8, Лил 1

Натпреварите во Е-групата ќе започнат во 18.55 часот. Во останатите три групи мечевите ќе стартуваат во 21 часот.

Scroll to Top