Top Sport

Премиер лигата потпиша рекорден договор за ТВ правата

Премиер лигата продолжува да ги поместува границите и уште поважно, да се разликува од другите лиги кога станува збор за ТВ правата. Тоа го покажува новиот рекорден договор.

Новиот договор ќе стапи на сила од сезоната 2025/26. Договорот тежи 7,8 милијарди евра! Тоа е дури две милијарди повеќе од важечкиот што истекува со сезоната 2024/25.

Инаку, ова ќе биде највредниот договор за ТВ права во историјата на британскиот спорт.

„Овој договор ја покажува силата на Премиер лигата и ги обврзува клубовите, играчите и менаџерите да продолжат да им го презентираат најсилното светско натпреварување на луѓето на најдобар начин, да ги оправдаат полните стадиони и довербата на навивачите кои создаваат феноменална атмосфера секоја недела„,изјави директорот на Премиер лигата Ричард Мастерс.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');