Top Sport

Премиерлигаш заинтересиран за Ансу Фати

Шпанскиот весник „Спорт“, пишува дека 20. годишниот шпански репрезентативец Ансу Фати би можел да ги напушти редовите на Барселона, бидејќи за него има интерес од клубови од Премиер лигата.

Барселона и понатаму има финансиски проблеми и не е тајна дека клубот се обидува да собере што е можно повеќе средства за успешно да функционира во сезоната 2023/2024. Пред првиот меч во сезоната, за статусот на Фати беше запрашан тренерот на Барселона, Чави.

„Задоволен сум од Ансу, тој е наследството на нашиот клуб. Сепак, додека не заврши преодниот рок, се може да се случи. Пазарот ќе диктира што ќе се случува до 31. август. Не можам да кажам дека ќе остане бидејќи можно е да не остане. Сепак, задоволен сум од неговите настапи – тој е фудбалер за нашата сегашност и иднина“, изјави Чави.

Ансу Фати има договор со Барселона до 2027 година, а некои медиуми пренесуваат дека за него е заинтересиран и Арсенал. Покрај Фати, Барса наводно ги разгледува и понудите за Рафиња.

Фати е во сениорскиот тим на Барса од сезоната 2019/2020, иако имаше долги паузи поради повреди.

Роден е во Гвинеја-Бисао, а академијата на Барселона „Ла Масија“, пристигнал на десет годишна возраст, во 2012 година.

Scroll to Top