Top Sport

Премиерлигашите ќе имаат конкуренција – Реал го избрал Белингем како главна цел во 2023

Реал Мадрид се подготвени за битка со Ливерпул и Челси за потписот на Џуд Белингем во 2023 година, бидејќи сметаат на него како на инвестиција за иднината покрај Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга, тврди „АС“.

„Лос бланкос“ имаат пет победи во Лигата на шампионите во последните девет сезони со тим изграден околу триото Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ, но тројцата сега е во своите 30-ти години, а Крос и Модриќ имаат само уште една година од нивните договори. Токму затоа, фокусот е на средината на теренот, „револуција“ која започна со носењето на 22-годишниот Чуамени од Монако, откако лани пристигна 19-годишниот Камавинга.

Белингем речиси сигурно ќе чини 100 милиони евра, иако Реал се подготвени дададат десет милиони помалку, но за 18-годишниот Англичанец се заинтересирани и Челси и Ливерпул. Белингем има уште три години од договорот со Борусија Дортмунд и нема клаузула за отпуст во својот договор.

Scroll to Top