Откако Лидс потпишаа договор со играчот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од англиската Премиер лига ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави Би-би-си.
Вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клуба ги срушија сопствените рекорди, вклучувајќи ги:
Брентфорд, кој плати до 42,5 милиони фунти за Данга Уатара од Борнмут, додека Борнмут плати 34,6 милиони фунти за Бафоде Диаките.
Новопромовираните Барнли и Сандерленд, кои платија 25 милиони фунти за Лесли Угочукву и 26 милиони фунти за Хабиб Џара (до 30 милиони фунти со бонуси).
Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд двапати, за Дан Ндоје од Болоња и Омари Хичисон од Ипсвич (37,5 милиони фунти).
Ливерпул плати 100 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во јуни, со можни 16 милиони фунти во бонуси, што ќе стане британски трансфер рекорд, соборувајќи го претходниот рекорд на Челзи од 107 милиони фунти за Енцо Фернандез во 2023 година.
Десет дена до затворањето на преодниот рок, се очекува рекордната потрошувачка на Премиер лигата да биде уште поголема.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN