Top Sport

Премиерлигашите сакаат крај на сезоната на неутрални терени во јуни

По четиричасовниот состанок на клубовите на Премиер лигата за завршување на сезоната 2019/20, клубовите ја покажаа желбата да се комплетира шампионатот на неутрални терени надвор од урбаните делови на градовите во Британија во јуни, јавува „Сан“.

Речиси сигурно е дека натпреварите би се одвивале без публика според планот „Проект рестарт“, а најверојатни локации за играње се „Лондон стадионот“ на Вест хем, „Етихад“ на Манчестер сити“ и „Емирати“ на Арсенал, бидејќи се работи за стадиони кои се подалеку од станбени згради.

Се очекува детали од планот за рестартирање да се објават следната недела по вториот состанок на клубовите следниот петок, кога се очекува владина одлука за опуштање на рестрикциите поради корона вирусот.

Засега, поминаа речиси два месеци од последниот премиерлигашки меч, но клубовите се очајни да ја комплетираат сезоната за да се исполнат условите за добивање на парите од ТВ-правата, и да се избегнат потенцијални легални случаи ако мора титулата и пласманот да се одредува со декрет.

Scroll to Top