Top Sport

Премиерлигашите се против продажбата на Њукасл

Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ), на чие чело се наоѓа принцот Мухамед бин Салман, од пред два дена е сопственик на Њукасл јунајтед. Премиер лигата ја одобри продажбата, откако добиле гаранции “Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира Њукасл јунајтед“.

Токму поради ова, пред повеќе од шест месеци, Премиер лигата не му даде дозвола на Мајк Ешли да му го продаде клубот на ПИФ.

Навивачите на Њукасл бурно го прославија доаѓањето на новите газди, кои најавија дека ќе вложат сериозна сума на пари во изградбата на тимот, а како цели за во иднина си ги поставија освојувањето на Премиер лигата и Лигата на шампиони.

За разлика од навивачите на Њукасл, клубовите кои се натпреваруваат во Премиер лигата се обединиле и се против продажбата на клубот од „Сент Џејмс парк“, на фондот ПИФ.

„Гардијан“, пишува дека клубовите побарале состанок со челниците на Премиер лигата. Тие сакале да слушнат што се случило во изминатите неколку дена и зошто лигата се премислила и им дозволила на Саудијците да го купат Њукалс.

Според истиот извор, 19.клубови немаат намера да ја спречат продажбата, бидејќи тоа е невозможно, тукку саката да ги слушант причините кои придонеле зделката да биде завршена.

Со доаѓањето на фондот ПИФ, Њукасл јунајтед стана клубот со најбогати сопственици, што може да предизвика раст на платите во Премиер лигата, од што најмногу се плашат останатите клубови.

Scroll to Top