Top Sport

Премиерлигашките клубови очекуваат откажување на колото по смртта на кралицата

Премиерлигашките клубови се подготвуваат за откажување на мечевите овој викенд по смртта на кралицата Елизабета Втора, и првите луѓе на лигата веќе се на преговори со британската влада.

По 70-годишното владеење на Елизабета Втора, Велика Британија ќе има 10 дена жалост за монархот, и се очекува речиси сите спортски натпреварувања да бидат откажани, како крикет мечевите, рагби мечевите, како и голферскиот ПГА шампионат, кој беше „паузиран“ на неодредено време. Мечевите од Лига Европа на Манчестер јунајтед против Реал Сосиедад, како и на Вест хем против ФЦСБ во Конференциската лига, сепак, се оддржуваат според планот, бидејќи се во организација на УЕФА.

Владата не може да нареди стопирање на спортските натпреварувања и ја остава одлуката на индивидуалните спортски тела, но британските медиуми тврдат дека одложувањето на фудбалските мечеви е веќе договорено.

Scroll to Top